бифе
Значење на бифе:
1. Мала гостилница или просторија во која се пие, најчесто стоејќи. Студентско бифе. Бифе до театарот. Во центарот на градот има повеќе бифеа. Неколку бифиња еднододруго.
2. Орман или дел од орман во кој се држат пијалаци. Големо бифе. Бифе полно разновидни пијачки.
Множина: бифеа, бифиња.
Алтернативно: бифе
Оригинални податоци:
бифе, мн. бифеа и бифе, мн. бифиња ср. 1. Мала гостилница или просторија во која се пие, најчесто стоејќи. Студентско бифе. Бифе до театарот. Во центарот на градот има повеќе бифеа. Неколку бифиња еднододруго. 2. Орман или дел од орман во кој се држат пијалаци. Големо бифе. Бифе полно разновидни пијачки.