бик

Именка, машки род

Значење на бик:

1. Нескопено говедо што најчесто служи за приплод. Млад бик. Разјарен бик. Два полудиви бика.

2. (прен.) Многу силен, јак и отпорен човек. Прав бик. Ненаситен бик во присуство на жена.

3. Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 21 април до 21 мај.

Множина: бика, бикови.

Изведени зборови:

  • биковски, прид. биковскиот
  • бикче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

бик, мн. бикови, избр. мн. бика м. 1. Нескопено говедо што најчесто служи за приплод. Млад бик. Разјарен бик. Два полудиви бика. 2. (прен.) Многу силен, јак и отпорен човек. Прав бик. Ненаситен бик во присуство на жена. 3. Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 21 април до 21 мај. ‖ бикче, мн. бикчиња ср. дем. ‖ биковски, биковскиот прид.