билет

Именка, машки род

Значење на билет:

1. Карта за превоз. Резервира билет. Автобуски билет. Возен билет. Повратен билет. Повластени билети. Три билета.

2. Влезна карта, влезница. Билет за премиерна претстава. Билет за посета на замок.

Множина: билета, билети.

Изведени зборови:

  • билетче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

билет, мн. билети, избр. мн. билета м. 1. Карта за превоз. Резервира билет. Автобуски билет. Возен билет. Повратен билет. Повластени билети. Три билета. 2. Влезна карта, влезница. Билет за премиерна претстава. Билет за посета на замок. ‖ билетче, мн. билетчиња ср. дем.