бисер

Именка, машки род

Значење на бисер:

1. Бело, блескаво, скапоцено зрно создадено во внатрешноста на одреден вид школки. Ниже бисер. Фустан, сиот извезен од бисер. Бел бисер. Охридски бисер. Ситен бисер. Светнаа два бисера. Раскошна капа шиена со бисери и скапоцени камења.

2. Вид накит. На белата гуша чист бисер. На вратот скапоцен бисер.

3. (прен.) Нешто многу убаво. Народната селекција ги пропушта само вистинските поетски бисери. Староградските напеви се бисери на македонската фолклорна лирика.

Множина: бисера, бисери.

Изведени зборови:

  • бисерче, и. ср. дем. Ми се скина бисерчето. Многу бисерчиња се нижеа низ погледот.

Оригинални податоци:

бисер, мн. бисери, избр. мн. бисера м. 1. Бело, блескаво, скапоцено зрно создадено во внатрешноста на одреден вид школки. Ниже бисер. Фустан, сиот извезен од бисер. Бел бисер. Охридски бисер. Ситен бисер. Светнаа два бисера. Раскошна капа шиена со бисери и скапоцени камења. 2. Вид накит. На белата гуша чист бисер. На вратот скапоцен бисер. 3. (прен.) Нешто многу убаво. Народната селекција ги пропушта само вистинските поетски бисери. Староградските напеви се бисери на македонската фолклорна лирика. ‖ бисерче, мн. бисерчиња ср. дем. Ми се скина бисерчето. Многу бисерчиња се нижеа низ погледот.