бистар
Значење на бистар:
1. Што е проѕирен и чист; спрот. матен. Бистар кладенец. Бистра вода. Бистра ракија. Бистро езеро. Бистри реки.
2. (прен.) Јасен, блескав, сјаен; прозрачен, ведар. Бистар сон. Бистар ден. Бистра месечина. Бистар воздух. Бистра длабочина. Бистро небо.
3. Што сфаќа лесно и брзо; интелигентен. Бистар селанец. Бистра жена. Бистри деца.
4. Што гледа јасно, остар, продорен. Бистро око. Бистар поглед.
Членувана форма: бистриот.
Изведени зборови:
- бистро, прил. Бистро се снајде.
Фразеолошки израз / поговорка:
Бистар како солза – многу чист, проѕирен. Со бистар ум – при здрава памет, со непоматена свест. Со бистра глава – со непоматен ум, трезвен.
Оригинални податоци:
бистар, бистриот прид. 1. Што е проѕирен и чист; спрот. матен. Бистар кладенец. Бистра вода. Бистра ракија. Бистро езеро. Бистри реки. 2. (прен.) Јасен, блескав, сјаен; прозрачен, ведар. Бистар сон. Бистар ден. Бистра месечина. Бистар воздух. Бистра длабочина. Бистро небо. 3. Што сфаќа лесно и брзо; интелигентен. Бистар селанец. Бистра жена. Бистри деца. 4. Што гледа јасно, остар, продорен. Бистро око. Бистар поглед. ◊ Бистар како солза – многу чист, проѕирен. Со бистар ум – при здрава памет, со непоматена свест. Со бистра глава – со непоматен ум, трезвен. ‖ бистро прил. Бистро се снајде.