битка

Именка, женски род

Значење на битка:

1. Вооружен судир меѓу две војски. Жестока битка. Крвава битка.

2. (прен.) Борба воопшто, за надмоќ, за превласт. Животна битка. Партиска битка. Револуционерна битка. Битка за јазикот. Битка со стихијата.

Множина: битки.

Оригинални податоци:

битка, мн. битки ж. 1. Вооружен судир меѓу две војски. Жестока битка. Крвава битка. 2. (прен.) Борба воопшто, за надмоќ, за превласт. Животна битка. Партиска битка. Револуционерна битка. Битка за јазикот. Битка со стихијата.