блада
Значење на блада:
1. Изговара нејасни зборови, зборува неразбирливо (обично во состојба на сон или бунило). Детето се плаши во сонот и постојано блада. Братчето беше во бунило, бладаше некои весели зборчиња. Бладаш, ништо не те разбирам.
2. (прен.) Зборува бесмислици. Не бладај, воденицо празна. Јас не бладам, ти тоа многу добро го знаеш.
Коњугација: бладаат.
Изведени зборови:
- бладање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
блада, бладаат несв. 1. Изговара нејасни зборови, зборува неразбирливо (обично во состојба на сон или бунило). Детето се плаши во сонот и постојано блада. Братчето беше во бунило, бладаше некои весели зборчиња. Бладаш, ништо не те разбирам. 2. (прен.) Зборува бесмислици. Не бладај, воденицо празна. Јас не бладам, ти тоа многу добро го знаеш. ‖ глаг. им. бладање ср.