благ
Значење на благ:
1. Што е со сладок вкус. Благ чај. Благи пијачки. Тиква блага како шеќер. Благо кафе. Круши благи како мед.
2. Добар, мирен. Благ карактер. Блага душа. Благо срце.
3. Што слабо, во мала мера го изразува своето основно својство. Благ прекор. Благ критериум. Блага казна. Благ ветер. Блага клима. Благо сонце. Блага угорнина. Блага кривина. Благи пиперки.
Членувана форма: благиот.
Изведени зборови:
- благо, прил. Благо го прекори синот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Благ ден – црковен или народен празник. Боже благи! – милостив Боже! Благо млеко – свежо, кравјо, овчо или козјо (индустриски пастеризирано или стерилизирано) млеко. Блага ракија – ракија подготвена со шеќер што се служи при свадбен обичај. | благост ж.
Оригинални податоци:
благ, благиот прид. 1. Што е со сладок вкус. Благ чај. Благи пијачки. Тиква блага како шеќер. Благо кафе. Круши благи како мед. 2. Добар, мирен. Благ карактер. Блага душа. Благо срце. 3. Што слабо, во мала мера го изразува своето основно својство. Благ прекор. Благ критериум. Блага казна. Благ ветер. Блага клима. Благо сонце. Блага угорнина. Блага кривина. Благи пиперки. ‖ благо прил. Благо го прекори синот. ◊ Благ ден – црковен или народен празник. Боже благи! – милостив Боже! Благо млеко – свежо, кравјо, овчо или козјо (индустриски пастеризирано или стерилизирано) млеко. Блага ракија – ракија подготвена со шеќер што се служи при свадбен обичај. ‖ благост ж.