благајна
Значење на благајна:
1. Орман во кој се чуваат пари, хартии од вредност, каса. Голема, метална благајна.
2. Канцеларија или одделение на претпријатие или установа каде што се врши уплата и исплата на парични средства. Благајната е во ходникот десно. Одете во благајна! 3. Просторија со отвор или прозорец каде што се продаваат влезници, билети; билетарница. Благајна на киното. Благајна на автобуската станица.
Множина: благајни.
Изведени зборови:
- благајнички, прид. благајничкиот Благајнички извешатај. Благајничка служба.
Оригинални податоци:
благајна, мн. благајни ж. 1. Орман во кој се чуваат пари, хартии од вредност, каса. Голема, метална благајна. 2. Канцеларија или одделение на претпријатие или установа каде што се врши уплата и исплата на парични средства. Благајната е во ходникот десно. Одете во благајна! 3. Просторија со отвор или прозорец каде што се продаваат влезници, билети; билетарница. Благајна на киното. Благајна на автобуската станица. ‖ благајнички, благајничкиот прид. Благајнички извешатај. Благајничка служба.