благо 1

Именка, среден род

Жаргонски збор.

Само во еднина.

Значење на благо:

1. Слатко, густо сварено овошје со многу шеќер. За добредојде едно благо.

2. Општ назив за секое јадење приготвено со шеќер. По ручекот, секогаш благо. Мувите идат по благото. Се почестија со благо.

Оригинални податоци:

благо1 (само едн.) ср. (разг.) 1. Слатко, густо сварено овошје со многу шеќер. За добредојде едно благо. 2. Општ назив за секое јадење приготвено со шеќер. По ручекот, секогаш благо. Мувите идат по благото. Се почестија со благо.