благороден

Придавка

Значење на благороден:

1. Што има високи морални својства, хуман, великодушен. Благороден пријател. Благородно момче. Благородни луѓе.

2. (истор.) Што е од висок род. Претставник на една благородна лоза. Благородна дама. Граѓанин со благородно потекло.

3. Што дава богат род, што е од висококвалитетна сорта. Благородно растение. Благородни жита.

Членувана форма: благородниот.

Изведени зборови:

  • благородност, и. ж.

Фразеолошки израз / поговорка:

Благороден метал – метал што не кородира (злато, сребро, платина).

Оригинални податоци:

благороден, благородниот прид. 1. Што има високи морални својства, хуман, великодушен. Благороден пријател. Благородно момче. Благородни луѓе. 2. (истор.) Што е од висок род. Претставник на една благородна лоза. Благородна дама. Граѓанин со благородно потекло. 3. Што дава богат род, што е од висококвалитетна сорта. Благородно растение. Благородни жита. ‖ благородност ж. ◊ Благороден метал – метал што не кородира (злато, сребро, платина).