благослов

Именка, машки род

Значење на благослов:

1. Зборови што изразуваат добри желби со повикување на божја милост, придружени со крстење, прекрстување. Божји благослов. Старецот се прекрсти за благослов. Невестата влезе во куќата со благослов од попот.

2. Изразување желба до некого за нешто добро, за среќа, здравје, успех и сл. На чатијата од изградената куќа мајсторите им даваа благослови на домаќините за добро здравје и долг живот.

3. Изразување согласност, одобрување од родител или близок човек за нешто крупно, важно во животот (за брак и др.). Благослов од татко и мајка. Кумов благослов.

Множина: благослови.

Оригинални податоци:

благослов, мн. благослови м. 1. Зборови што изразуваат добри желби со повикување на божја милост, придружени со крстење, прекрстување. Божји благослов. Старецот се прекрсти за благослов. Невестата влезе во куќата со благослов од попот. 2. Изразување желба до некого за нешто добро, за среќа, здравје, успех и сл. На чатијата од изградената куќа мајсторите им даваа благослови на домаќините за добро здравје и долг живот. 3. Изразување согласност, одобрување од родител или близок човек за нешто крупно, важно во животот (за брак и др.). Благослов од татко и мајка. Кумов благослов.