бламира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на бламира:

Осрамоти, осрамотува некого, предизвика, предизвикува чувство на срам. Некои деца ги бламираат родителите. Мажот ја бламираше жената пред гостите.

Коњугација: бламираат , бламирајќи.

Изведени зборови:

  • бламирање, глаг. им. ср.
  • се ~ бламира, Се осрамоти, се осрамотува. Пијаните гости се бламираа пред домаќините.

Оригинални податоци:

бламира, бламираат; бламирајќи св. и несв. Осрамоти, осрамотува некого, предизвика, предизвикува чувство на срам. Некои деца ги бламираат родителите. Мажот ја бламираше жената пред гостите. ● се ~ Се осрамоти, се осрамотува. Пијаните гости се бламираа пред домаќините. ‖ глаг. им. бламирање ср.