блаженство

Именка, среден род

Само во еднина.

Значење на блаженство:

1. Состојба на голема радост, среќа. Блаженството е ретка привилегија. Блаженство ми се разлева низ душата.

2. Место каде што владее само радост и среќа, рај, царство небесно. Рајско блаженство. Вечно блаженство.

3. (црков.) Составен дел од титулата на црковен поглавар. Неговото блаженство архиепископот македонски и охридски.

Оригинални податоци:

блаженство (само едн.) ср. 1. Состојба на голема радост, среќа. Блаженството е ретка привилегија. Блаженство ми се разлева низ душата. 2. Место каде што владее само радост и среќа, рај, царство небесно. Рајско блаженство. Вечно блаженство. 3. (црков.) Составен дел од титулата на црковен поглавар. Неговото блаженство архиепископот македонски и охридски.