бледнее

Глагол, несвршен

Значење на бледнее:

1. Станува блед, губи природна боја, руменило. Бледнеев од бес. Детето бледнееше од страв.

2. Губи сјај. Ѕвездите бледнеат во височината. На исток по малку бледнее небото.

3. (прен.) Се губи, станува неизразит. Тие податоци бледнеат. Неговата слава бледнееше.

Коњугација: бледнеаја , бледнеал , бледнеан, бледнеат , бледнеев , бледнееја , бледнеејќи , бледнеел , бледнеен , бледнеј , бледнејте , мин. св. бледнеав .

Изведени зборови:

  • бледнеење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

бледнее, бледнеат; бледнеј, бледнејте; бледнеев, бледнееја; бледнеел; бледнеен; бледнеејќи; мин. св. бледнеав, бледнеаја; бледнеал; бледнеан несв. 1. Станува блед, губи природна боја, руменило. Бледнеев од бес. Детето бледнееше од страв. 2. Губи сјај. ‖вездите бледнеат во височината. На исток по малку бледнее небото. 3. (прен.) Се губи, станува неизразит. Тие податоци бледнеат. Неговата слава бледнееше. ‖ глаг. им. бледнеење ср.