блесне
Значење на блесне:
1. Наеднаш испушти силна светлина; силно светне. Блесна молња. Блесна сјај.Сонцето ќе блесне меѓу облаците. Блесна светлина од фарови. Градските светилки блеснаа.
2. (прен.) Наеднаш се открие, се пројави со нешто. Неочекувано блесна една мисла. Ќе блесне нејзината убавина. Блесна неговиот успех. Неговото лице блесна од среќа. Нејзините очи блеснаа од радост.
Коњугација: блеснаа , блеснав , блеснал , блеснат , блеснат , блеснете , блесни , (ќе) блеснеа , (ќе) блеснев , (ќе) блеснел.
Изведени зборови:
- блеснува, глаг. несв. блеснуваат
- блеснување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
блесне, блеснат; блесни, блеснете; блеснав, блеснаа; блеснал; блеснат; (ќе) блеснев, (ќе) блеснеа; (ќе) блеснел св. 1. Наеднаш испушти силна светлина; силно светне. Блесна молња. Блесна сјај.Сонцето ќе блесне меѓу облаците. Блесна светлина од фарови. Градските светилки блеснаа. 2. (прен.) Наеднаш се открие, се пројави со нешто. Неочекувано блесна една мисла. Ќе блесне нејзината убавина. Блесна неговиот успех. Неговото лице блесна од среќа. Нејзините очи блеснаа од радост. ‖ блеснува, блеснуваат несв. ‖ глаг. им. блеснување ср.