блиц

Именка, машки род

Фотографски термин.

Значење на блиц:

1. Блесок, краткотрајно силно светло.

2. Додаток кон фотографскиот апарат за осветлување при снимање во мрак. Настапи целосно помрачување и само блицовите на фотоапаратите ја нарушуваа темнината.

3. Немен. прид. Краткотраен, кус. Блиц посета.

Множина: блицеви.

Алтернативно: блицови

Оригинални податоци:

блиц, мн. блицеви и блицови м. (фот.) 1. Блесок, краткотрајно силно светло. 2. Додаток кон фотографскиот апарат за осветлување при снимање во мрак. Настапи целосно помрачување и само блицовите на фотоапаратите ја нарушуваа темнината. 3. Немен. прид. Краткотраен, кус. Блиц посета.