блика

Глагол, несвршен

Значење на блика:

1. Тече, истекува, се разлева силно, во големо количество. Меѓу камењата блика чиста вода.Од носот му бликаше крв.

2. (прен.) Се изразува, се пројавува со голема сила, во голема мера. Од борците бликаше силна верба. Децата бликале од радост. Од него бликаше сила на маж.

Коњугација: бликаат.

Изведени зборови:

  • бликање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

блика, бликаат несв. 1. Тече, истекува, се разлева силно, во големо количество. Меѓу камењата блика чиста вода.Од носот му бликаше крв. 2. (прен.) Се изразува, се пројавува со голема сила, во голема мера. Од борците бликаше силна верба. Децата бликале од радост. Од него бликаше сила на маж. ‖ глаг. им. бликање ср.