бликне

Глагол, свршен

Значење на бликне:

1. Шурне; потече силно, изобилно. Од челото му бликна крв и му го облеа лицето. На жената ѝ бликнаа солзи. Бликнаа солзи ко немирни води.

2. Силно избие; се пројави наеднаш. Житата и цвеќето само што не бликнале. Овошките ќе пуштат корен и ластарот ќе бликне. Бликна од радост.

Коњугација: бликнаа , бликнав , бликнал , бликнат , бликнат , бликнете , бликни , (ќе) бликнеа , (ќе) бликнев , (ќе) бликнел.

Изведени зборови:

  • бликнува, глаг. несв. бликнуваат
  • бликнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

бликне, бликнат; бликни, бликнете; бликнав, бликнаа; бликнал; бликнат; (ќе) бликнев, (ќе) бликнеа; (ќе) бликнел св. 1. Шурне; потече силно, изобилно. Од челото му бликна крв и му го облеа лицето. На жената ѝ бликнаа солзи. Бликнаа солзи ко немирни води. 2. Силно избие; се пројави наеднаш. Житата и цвеќето само што не бликнале. Овошките ќе пуштат корен и ластарот ќе бликне. Бликна од радост. ‖ бликнува, бликнуваат несв. ‖ глаг. им. бликнување ср.