близина

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на близина:

1. Мало растојание меѓу две точки, предмети во просторот; спрот. далечина. Определена близина. Непосредна близина. Дуќанот се наоѓа во близина на булеварот. Нема луѓе во нивната близина.

2. (прен.) Мала оддалеченост од некого, од нешто. Близината го направи своето, тие се вљубија. Чувствуваше близина на некое животно.

Оригинални податоци:

близина (само едн.) ж. 1. Мало растојание меѓу две точки, предмети во просторот; спрот. далечина. Определена близина. Непосредна близина. Дуќанот се наоѓа во близина на булеварот. Нема луѓе во нивната близина. 2. (прен.) Мала оддалеченост од некого, од нешто. Близината го направи своето, тие се вљубија. Чувствуваше близина на некое животно.