близнак

Именка, машки род

Значење на близнак:

1. Машко дете од (обично) две деца родени при едно породување. Близнак за близнак умира. Роди близнаци по вторпат. Две деца близнаци, брат и сестра. Количка за близнаци.

2. (прен.) Човек или животно со голема сличност. Како близнаци да беа. Главите на моите сиви близнаци низ јаремот.

3. Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 21 мај до 21 јуни.

Множина: близнаци.

Изведени зборови:

  • близначе, и. ср. дем. и хип.
  • близначки, прид. близначкиот

Фразеолошки израз / поговорка:

Сијамски близнаци – близнаци сраснати со одреден дел од телото.

Оригинални податоци:

близнак, мн. близнаци м. 1. Машко дете од (обично) две деца родени при едно породување. Близнак за близнак умира. Роди близнаци по вторпат. Две деца близнаци, брат и сестра. Количка за близнаци. 2. (прен.) Човек или животно со голема сличност. Како близнаци да беа. Главите на моите сиви близнаци низ јаремот. 3. Зодијачко соѕвездие; зодијачки знак од 21 мај до 21 јуни. ◊ Сијамски близнаци – близнаци сраснати со одреден дел од телото. ‖ близначе, мн. близначиња ср. дем. и хип. ‖ близначки, близначкиот прид.