близок
Значење на близок:
1. Што се наоѓа на мала оддалеченост; спрот. далечен. Близок пожар. Свежина од блиската вода. Отидоа до блиската ливада. Од блиските конаци се слушаат пискоти. Среќавав жени од блиските села.
2. Што не е временски оддалечен; скорешен. Близок крај на животот. Блиска иднина. Блиска борба. Блиско минато. Блиски промени. Поблиски и подалечни претходници.
3. Што е во тесна роднинска, пријателска и друга врска. Близок роднина. Лоши зборови од најблизок човек. Блиско другарство. Блиски пријатели. Блиски односи. Го гушна со близок стисок. Близок и срдечен разговор.
4. Сроден, сличен; приближен, еквивалентен. Јазикот на Пејчиновиќ е многу пожив и поблизок до народниот отколку јазикот на Крчовски.
Членувана форма: блискиот.
Изведени зборови:
- близост, и. ж. блискост
Оригинални податоци:
близок, блискиот прид. 1. Што се наоѓа на мала оддалеченост; спрот. далечен. Близок пожар. Свежина од блиската вода. Отидоа до блиската ливада. Од блиските конаци се слушаат пискоти. Среќавав жени од блиските села. 2. Што не е временски оддалечен; скорешен. Близок крај на животот. Блиска иднина. Блиска борба. Блиско минато. Блиски промени. Поблиски и подалечни претходници. 3. Што е во тесна роднинска, пријателска и друга врска. Близок роднина. Лоши зборови од најблизок човек. Блиско другарство. Блиски пријатели. Блиски односи. Го гушна со близок стисок. Близок и срдечен разговор. 4. Сроден, сличен; приближен, еквивалентен. Јазикот на Пејчиновиќ е многу пожив и поблизок до народниот отколку јазикот на Крчовски. ‖ близост/блискост ж.