блок

Именка, машки род

Значење на блок:

1. Големо, масивно парче од нешто (камен, метал, мраз и сл.). Дождовите ја изделкале лавата, ја измоделирале во блокови. Таа ги заобиколуваше огромните камени блокови, напукнати и изглодани од времето. Надолу се гледаа блокови од гранит.

2. Целина, низа од згради или друг вид градежни објекти. Тој живее во блокот кај фонтаната. Поминаа покрај блок дуќани.

3. Подврзани листови (чисти или со отпечатен текст) што можат лесно да се одвојат. Благајничката набави блок налози за плата. Кондуктерот извади од торбата блок возни билети.

4. Картонски корици со листови за цртање. Самоукиот уметник гордо го носеше под мишка и својот блок. Тој е во ликовите низ истутканите и превиткувани листови од блок за цртање.

5. Сојуз на држави, партии, воени организации. Македонските дечиња беа распратени по земјите на Источниот блок. Македонија стана крваво боиште на завојуваните држави на двата блока.

6. (спорт.) Жив ѕид на играчи што ја спречува акцијата на противникот.

7. (техн.) Централен дел од мотор со внатрешно согорување.

8. Целина од поврзани активности. Блок часови. Блок емисии.

Множина: блока, блокови.

Изведени зборови:

  • блоковски, прид. блоковскиот

Оригинални податоци:

блок, мн. блокови, избр. мн. блока м. 1. Големо, масивно парче од нешто (камен, метал, мраз и сл.). Дождовите ја изделкале лавата, ја измоделирале во блокови. Таа ги заобиколуваше огромните камени блокови, напукнати и изглодани од времето. Надолу се гледаа блокови од гранит. 2. Целина, низа од згради или друг вид градежни објекти. Тој живее во блокот кај фонтаната. Поминаа покрај блок дуќани. 3. Подврзани листови (чисти или со отпечатен текст) што можат лесно да се одвојат. Благајничката набави блок налози за плата. Кондуктерот извади од торбата блок возни билети. 4. Картонски корици со листови за цртање. Самоукиот уметник гордо го носеше под мишка и својот блок. Тој е во ликовите низ истутканите и превиткувани листови од блок за цртање. 5. Сојуз на држави, партии, воени организации. Македонските дечиња беа распратени по земјите на Источниот блок. Македонија стана крваво боиште на завојуваните држави на двата блока. 6. (спорт.) Жив ѕид на играчи што ја спречува акцијата на противникот. 7. (техн.) Централен дел од мотор со внатрешно согорување. 8. Целина од поврзани активности. Блок часови. Блок емисии. ‖ блоковски, блоковскиот прид.