блокада
Значење на блокада:
1. (воен.) Целосно опколување на некое место, област и сл. со вооружена сила. Денес имаше претреси, утре сигурно ќе има блокада. Никој не успеа да се извлече од блокадата. Цврста поморска блокада и постојано бомбардирање ќе ги натера противниците да се предадат.
2. Затворање на премин или пат за сообраќај. Тешките товарни возила направија блокада на автопатот.
3. (екон.) Изолација, затворање на една земја во економските, трговските и др. односи заради вршење политички притисок.
Множина: блокади.
Оригинални податоци:
блокада, мн. блокади ж. 1. (воен.) Целосно опколување на некое место, област и сл. со вооружена сила. Денес имаше претреси, утре сигурно ќе има блокада. Никој не успеа да се извлече од блокадата. Цврста поморска блокада и постојано бомбардирање ќе ги натера противниците да се предадат. 2. Затворање на премин или пат за сообраќај. Тешките товарни возила направија блокада на автопатот. 3. (екон.) Изолација, затворање на една земја во економските, трговските и др. односи заради вршење политички притисок.