блокира
Значење на блокира:
1. Направи, прави блокада, опколи, опколува, запре, запира нешто преку блокада. Силни воени единици го блокираа градот. Полицијата ги блокира излезите од селото.
2. Забрани, забранува, спречи, спречува исплата. Владата ги блокира сметките на две министерства. Банката ги блокира тековните сметки.
Коњугација: блокираат , блокирајќи.
Изведени зборови:
- блокирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
блокира, блокираат; блокирајќи св. и несв. 1. Направи, прави блокада, опколи, опколува, запре, запира нешто преку блокада. Силни воени единици го блокираа градот. Полицијата ги блокира излезите од селото. 2. Забрани, забранува, спречи, спречува исплата. Владата ги блокира сметките на две министерства. Банката ги блокира тековните сметки. ‖ глаг. им. блокирање ср.