блуди
Значење на блуди:
1. Скита, лута. Тој блудеше по светот.
2. (прен.) Се насочува, преминува без да се сосредоточи од еден на друг предмет (за очи, поглед, мисла). Очите му блудеа во небото со нем унес. Неговиот поглед блудеше далеку зад мене. Неговите мисли блудеа по чудните настани од овој ден.
Коњугација: блудат.
Изведени зборови:
- блудење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
блуди, блудат несв. 1. Скита, лута. Тој блудеше по светот. 2. (прен.) Се насочува, преминува без да се сосредоточи од еден на друг предмет (за очи, поглед, мисла). Очите му блудеа во небото со нем унес. Неговиот поглед блудеше далеку зад мене. Неговите мисли блудеа по чудните настани од овој ден. ‖ глаг. им. блудење ср.