блуе
Значење на блуе:
1. (разг.) Повраќа, ја исфрла храната назад од желудникот. Таа цела ноќ блуеше.
2. (прен.) Исфрла од себе нешто нагло и во големо количество (за вулкан, оружје и др.). Фабричките оџаци блуеја чад. Тенковите блујат оган.
Коњугација: блув , блуев , блуеја , блуејќи , блуел , блуен , блуј , блуја , блујат , блујте , блул.
Изведени зборови:
- блуење, глаг. им. ср.
- се ~ блуе, повр. кон зн. 1. (разг.) Ми се блуе кога го гледам како подрипнува во одењето.
Оригинални податоци:
блуе, блујат; блуј, блујте; блуев, блуеја; блуел; блуен; блуејќи; мин. св. блув, блуја; блул несв. 1. (разг.) Повраќа, ја исфрла храната назад од желудникот. Таа цела ноќ блуеше. 2. (прен.) Исфрла од себе нешто нагло и во големо количество (за вулкан, оружје и др.). Фабричките оџаци блуеја чад. Тенковите блујат оган. ● се ~ повр. кон зн. 1. (разг.) Ми се блуе кога го гледам како подрипнува во одењето. ‖ глаг. им. блуење ср.