бочва

Именка, женски род

Значење на бочва:

Голем дрвен сад со два газера стегнат со обрачи во кој се чуваат течности, најчесто вино; големо буре. За зима остававме вино во бочвите. Бочва од најдобар планински даб дише, пропушта воздух, иако не е за верување.

Множина: бочви.

Изведени зборови:

  • бочве, и. ж. мн. бочвиња ср.; бочвиче, мн. бочвичиња ср.; бочвичка, мн. бочвички дем.
  • бочвиште, и. ср. аугм.

Оригинални податоци:

бочва, мн. бочви ж. Голем дрвен сад со два газера стегнат со обрачи во кој се чуваат течности, најчесто вино; големо буре. За зима остававме вино во бочвите. Бочва од најдобар планински даб дише, пропушта воздух, иако не е за верување. ‖ бочве, мн. бочвиња ср.; бочвиче, мн. бочвичиња ср.; бочвичка, мн. бочвички ж. дем. ‖ бочвиште, мн. бочвишта ср. аугм.