боцне
Значење на боцне:
1. Пробие во нешто со шилест предмет. Стариот го боцна компирот со виљушката. Лаборантот го боцна детето во прстето со специјална игла.
2. (прен.) Предизвика остра болка, бодеж. Нешто ме боцна во слабината.
3. (прен.) Брецне. Зборовите на Крсто ја боцнаа Илина право в срце.
Коњугација: боцнаа , боцнав , боцнал , боцнат , боцнат , боцнете , боцни , (ќе) боцнеа , (ќе) боцнев , (ќе) боцнел.
Изведени зборови:
- боцнување, глаг. им. ср.
- се ~ боцне, Се набоде. Се боцнав со иглата.
- (се) боцнува, глаг. повт. (се) боцнуваат
Оригинални податоци:
боцне, боцнат; боцни, боцнете; боцнав, боцнаа; боцнал; боцнат; (ќе) боцнев, (ќе) боцнеа; (ќе) боцнел св. 1. Пробие во нешто со шилест предмет. Стариот го боцна компирот со виљушката. Лаборантот го боцна детето во прстето со специјална игла. 2. (прен.) Предизвика остра болка, бодеж. Нешто ме боцна во слабината. 3. (прен.) Брецне. Зборовите на Крсто ја боцнаа Илина право в срце. ● се ~ Се набоде. Се боцнав со иглата. ‖ (се) боцнува, (се) боцнуваат повт. ‖ глаг. им. боцнување ср.