боде
Значење на боде:
1. Со шилест предмет пробива нешто. Надрилекарот со игла ја бодеше жената во дланките. Фурнаџијата ја боде погачата со виљушка и ја става да се пече.
2. Притиска, удира со шилест и сл. предмет (мамузи и сл.). Митре го бодеше коњот со мамузите, а магаренцето со зашилен стап.
3. Се пројавува како бодеж некаде во телото. Нешто ме боде во слабините. Нешто ја бодело жената под плешката, ама таа не кажувала, си трпела.
Коњугација: бодат , бодеа , бодев , бодејќи, бодел , боден , бодете , боди .
Изведени зборови:
- бодење, глаг. им. ср.
- се ~ боде, 1. повр. Тој се боде со игла за да го извади трнот од петата. 2. Склон е кон бодење. Едниот овен (бик) се боде, а другиот не се боде (бега од бодењето, го одбегнува бодењето).
Фразеолошки израз / поговорка:
Него ништо не го боде ‒ здрав е, ништо не му е, ништо не може да му стане. Ем шуто ем боде ‒ не е вреден за некоја работа, а се сили да ја направи.
Оригинални податоци:
боде, бодат; боди, бодете; бодев, бодеа; бодел; боден; бодејќи несв. 1. Со шилест предмет пробива нешто. Надрилекарот со игла ја бодеше жената во дланките. Фурнаџијата ја боде погачата со виљушка и ја става да се пече. 2. Притиска, удира со шилест и сл. предмет (мамузи и сл.). Митре го бодеше коњот со мамузите, а магаренцето со зашилен стап. 3. Се пројавува како бодеж некаде во телото. Нешто ме боде во слабините. Нешто ја бодело жената под плешката, ама таа не кажувала, си трпела. ● се ~ 1. повр. Тој се боде со игла за да го извади трнот од петата. 2. Склон е кон бодење. Едниот овен (бик) се боде, а другиот не се боде (бега од бодењето, го одбегнува бодењето). ◊ Него ништо не го боде ‒ здрав е, ништо не му е, ништо не може да му стане. Ем шуто ем боде ‒ не е вреден за некоја работа, а се сили да ја направи. ‖ глаг. им. бодење ср.