бог

Именка, машки род

Значење на бог:

1. Создател и господар на светот во монотеистичките религии. Имај ум, имај срце, и бог нема да те остави.

2. Во митологијата ‒ бесмртно натприродно суштество, олицетворение на природните сили или на дел од природата и од животот. Бог Перун. Богот на Сонцето, Амон Ра. Бог Марс.

3. (прен.) Тој, таа што има голема моќ, власт, влијание. Единствениот и врховен бог на оваа нова класа е личниот интерес.

Множина: богови.

Изведени зборови:

  • боже, мод.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ако даде бог ‒ при неизвесност, надеж дека нешто ќе се оствари. Ако знае за бога ‒ надеж дека некој ќе постапи добро, праведно. Бог да (го) прости ‒ при сеќавање или спомнување на умрен, пожелба да му се простат гревовите на умрениот. Еден бог знае ‒ никој не знае. Бог да чува и да брани! ‒ желба да не се случи нешто. Богу душа даде (дава) ‒ умре (умира). Жити бога ‒ при заколкнување. Фала богу/сполај богу ‒ 1. при заблагодарување на господ 2. за потсилување, при започнување на исказ. Помози бог! Дал (ти) бог добро! Бог ти помогнал ‒ поздрави. Бог да бие; бог те (ги, го) убил клетви; Бог да ти даде.... Ќе даде бог... благослови

Оригинални податоци:

бог, мн. богови м. 1. Создател и господар на светот во монотеистичките религии. Имај ум, имај срце, и бог нема да те остави. 2. Во митологијата ‒ бесмртно натприродно суштество, олицетворение на природните сили или на дел од природата и од животот. Бог Перун. Богот на Сонцето, Амон Ра. Бог Марс. 3. (прен.) Тој, таа што има голема моќ, власт, влијание. Единствениот и врховен бог на оваа нова класа е личниот интерес. ◊ Ако даде бог ‒ при неизвесност, надеж дека нешто ќе се оствари. Ако знае за бога ‒ надеж дека некој ќе постапи добро, праведно. Бог да (го) прости ‒ при сеќавање или спомнување на умрен, пожелба да му се простат гревовите на умрениот. Еден бог знае ‒ никој не знае. Бог да чува и да брани! ‒ желба да не се случи нешто. Богу душа даде (дава) ‒ умре (умира). Жити бога ‒ при заколкнување. Фала богу/сполај богу ‒ 1. при заблагодарување на господ 2. за потсилување, при започнување на исказ. Помози бог! Дал (ти) бог добро! Бог ти помогнал ‒ поздрави. Бог да бие; бог те (ги, го) убил клетви; Бог да ти даде.... Ќе даде бог... благослови ‖ боже хип. ◊ Дедо боже. Леле боже, до бога! ‒ за изразување на страв, болка, тешкотија и сл. Дај ми боже... ‒ за искажување голема, силна желба за нешто. Ај, боже поможи! ‒ при наздравување, при почеток на нова работа, желба за добар почеток и тек на работата; Здравје боже ‒ надеж дека нешто ќе се оствари. ‖ боже мод. ‖ боженце хип. Мили боженце!