боја

Именка, женски род

Значење на боја:

1. Впечатокот што го остава на очите обоеноста на предметот. За килимот употребуваше волна во различни бои. Сината боја ги опушта нервите, виолетовата боја внесува нерасположение, тажно чувство, црвената боја буди страст, љубов.

2. Материјал со кој се бои, бојосува. Таа употребуваше само природни бои за своите слики. Боја за чевли. Темперни бои. Анилински бои.

3. Обележје на народ, знаме. Националните бои ги брани тимот на „Кометал“. Тие ќе ги бранат боите на нашата земја.

4. Изглед на кожата, посебно на лицето, тен, изглед, надворешност. Му се врати бојата. Нездравата боја на лицето ја правеше уште послаба. Димко се возбуди, почна да ги менува боите на лицето, се вцрви, па побледе. Има здрава боја.

5. Впечаток што го прави на слухот тонот, израз што се појавува во гласот, звукот, карактеристика на гласот. Му се мени бојата на гласот и тој збунето застана. Се мачеше да се сети на бојата на гласот на девојката.

6. (прен.) Политичко и класно, идејно обележје, идеен став, убедување, уверување, мислење. Текстот има политичка боја. Пиесата добива извесна социјална боја.

7. (прен.) Стилски изразни обележја на уметничко дело. Во тоа се крие автентичната боја на неговите текстови. Сите обичаи што се вршат за здравјето на луѓето, за плодноста на стоката, покрај пригоден карактер во песната имаат и интимна боја.

Множина: бои.

Фразеолошки израз / поговорка:

Премачкан со сите бои ‒ многу итар, многу вешт. Му излезе бојата ‒ се виде каков е.

Оригинални податоци:

боја, мн. бои ж. 1. Впечатокот што го остава на очите обоеноста на предметот. За килимот употребуваше волна во различни бои. Сината боја ги опушта нервите, виолетовата боја внесува нерасположение, тажно чувство, црвената боја буди страст, љубов. 2. Материјал со кој се бои, бојосува. Таа употребуваше само природни бои за своите слики. Боја за чевли. Темперни бои. Анилински бои. 3. Обележје на народ, знаме. Националните бои ги брани тимот на „Кометал“. Тие ќе ги бранат боите на нашата земја. 4. Изглед на кожата, посебно на лицето, тен, изглед, надворешност. Му се врати бојата. Нездравата боја на лицето ја правеше уште послаба. Димко се возбуди, почна да ги менува боите на лицето, се вцрви, па побледе. Има здрава боја. 5. Впечаток што го прави на слухот тонот, израз што се појавува во гласот, звукот, карактеристика на гласот. Му се мени бојата на гласот и тој збунето застана. Се мачеше да се сети на бојата на гласот на девојката. 6. (прен.) Политичко и класно, идејно обележје, идеен став, убедување, уверување, мислење. Текстот има политичка боја. Пиесата добива извесна социјална боја. 7. (прен.) Стилски изразни обележја на уметничко дело. Во тоа се крие автентичната боја на неговите текстови. Сите обичаи што се вршат за здравјето на луѓето, за плодноста на стоката, покрај пригоден карактер во песната имаат и интимна боја. ◊ Премачкан со сите бои ‒ многу итар, многу вешт. Му излезе бојата ‒ се виде каков е.