бојадиса

Глагол, свршен

Значење на бојадиса:

1. Направи нешто да добие определена боја, премачка со боја. Вратите и прозорците ќе ги бојадисаме со бела боја.

2. (жарг.) Излаже некого.

Коњугација: бојадисаат.

Изведени зборови:

  • бојадисува, глаг. несв. бојадисуваат
  • бојадисување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

бојадиса, бојадисаат св. 1. Направи нешто да добие определена боја, премачка со боја. Вратите и прозорците ќе ги бојадисаме со бела боја. 2. (жарг.) Излаже некого. ‖ бојадисува, бојадисуваат несв. ‖ глаг. им. бојадисување ср.