болен

Придавка

Значење на болен:

1. а) Што боледува, што го боли нешто. Таа е тешко болна. Тој бил болен од маларија. б) За дел од телото опфатен од болест. Болни гради. Болни нозе.

2. Што боли, што предизвикува, што изразува болка. Болно место. Болно и тивко дишење. Болна гримаса. Болна вистина. Болна глетка. Болна разделба.

3. (прен.) Што личи, потсетува на нешто болно; неприроден, ненормален. Болна амбиција. Болни спомени. Болна тишина.

4. Како им. болен и болна м. и ж. Лекот е горчлив, но болниот го зема, зашто знае дека инаку нема да оздрави.

Членувана форма: болниот.

Изведени зборови:

  • болно, прил. Крикна болно.

Фразеолошки израз / поговорка:

Болен-здрав ‒ секогаш.

Оригинални податоци:

болен, болниот прид. 1. а) Што боледува, што го боли нешто. Таа е тешко болна. Тој бил болен од маларија. б) За дел од телото опфатен од болест. Болни гради. Болни нозе. 2. Што боли, што предизвикува, што изразува болка. Болно место. Болно и тивко дишење. Болна гримаса. Болна вистина. Болна глетка. Болна разделба. 3. (прен.) Што личи, потсетува на нешто болно; неприроден, ненормален. Болна амбиција. Болни спомени. Болна тишина. 4. Како им. болен и болна м. и ж. Лекот е горчлив, но болниот го зема, зашто знае дека инаку нема да оздрави. ◊ Болен-здрав ‒ секогаш. ‖ болно прил. Крикна болно.