болјар
Историја.
Значење на болјар:
Феудален земјопоседник, припадник на повисокиот слој на феудалната класа во Русија и во некои други земји; големец, великаш, властелин. Некој угледен влашки болјар ги поканил на гости.Множина: болјари.
Изведени зборови:
- болјарка, и. ж.
- болјарски, прид. болјарскиот
Оригинални податоци:
болјар, мн. болјари м. (истор.) Феудален земјопоседник, припадник на повисокиот слој на феудалната класа во Русија и во некои други земји; големец, великаш, властелин. Некој угледен влашки болјар ги поканил на гости. ‖ болјарка, мн. болјарки ж. ‖ болјарски, болјарскиот прид.