болка
Значење на болка:
1. Чувство предизвикано од болест, од телесно и духовно патење. Острата болка во градите го кинеше. Почувствува остра болка што се ширеше по телото.
2. Болест. Ништо не може да му ја излечи болката.
Множина: болки.
Фразеолошки израз / поговорка:
Не е болка за умирање ‒ не е толку страшно, од тоа не се умира.
Оригинални податоци:
болка, мн. болки ж. 1. Чувство предизвикано од болест, од телесно и духовно патење. Острата болка во градите го кинеше. Почувствува остра болка што се ширеше по телото. 2. Болест. Ништо не може да му ја излечи болката. ◊ Не е болка за умирање ‒ не е толку страшно, од тоа не се умира.