болва

Именка, женски род

Значење на болва:

Ситен инсект со нозе прилагодени за скокање, без крила, кој живее како паразит по луѓето и животните; Pulex iritans

Множина: болви.

Фразеолошки израз / поговорка:

Од болва лој вади ‒ од ништо сака да извади, да добие нешто. Тоа за тебе е како болва да те каснала ‒ толку е богат што тој издаток нема да го осети. Болвата бивол ја прави ‒ од ништо прави нешто.

Оригинални податоци:

болва, мн. болви ж. Ситен инсект со нозе прилагодени за скокање, без крила, кој живее како паразит по луѓето и животните; Pulex iritans ◊ Од болва лој вади ‒ од ништо сака да извади, да добие нешто. Тоа за тебе е како болва да те каснала ‒ толку е богат што тој издаток нема да го осети. Болвата бивол ја прави ‒ од ништо прави нешто.