бонитет

Именка, машки род

Економија.

Значење на бонитет:

Белези што го прават субјектот добар и сигурен должник; кредитоспособен и ликвиден, солвентен; добра позиција и репутација на должникот во деловните односи. Сите пријавени на тендерот доставија документи за бонитет.

Множина: бонитети.

Фразеолошки израз / поговорка:

Бонитет на банка ‒ кредитна способност на банката што се проценува според тоа како работи и како одговара на своите обврски. Бонитет на земјата ‒ вредност на земјиште според квалитетот.

Оригинални податоци:

бонитет, мн. бонитети м. (екон.) Белези што го прават субјектот добар и сигурен должник; кредитоспособен и ликвиден, солвентен; добра позиција и репутација на должникот во деловните односи. Сите пријавени на тендерот доставија документи за бонитет. ◊ Бонитет на банка ‒ кредитна способност на банката што се проценува според тоа како работи и како одговара на своите обврски. Бонитет на земјата ‒ вредност на земјиште според квалитетот.