борба

Именка, женски род

Значење на борба:

1. Упорно дејствување, умствен и физички напор за совладување на некакви пречки, за постигање определена цел. Борба за мир. Борба за рамноправност. Борба за зголемување на производството. Борба со природната стихија. Политичка борба.

2. Судир, ривалство, натпревар меѓу противници за постигање победа, надмоќ, првенство. Борба на пеливани. Борба со бикови. Гладијаторска борба. Тоа е борба за доминација на светскиот пазар.

3. (војн.) Вооружен судир меѓу две воени единици или војски; битка. Борба гради со гради.

Множина: борби.

Фразеолошки израз / поговорка:

Борба на живот и смрт ‒ борба до последната можност. Борба за (гол) живот ‒ напор, работа за опстанок, за одржување на животот.

Оригинални податоци:

борба, мн. борби ж. 1. Упорно дејствување, умствен и физички напор за совладување на некакви пречки, за постигање определена цел. Борба за мир. Борба за рамноправност. Борба за зголемување на производството. Борба со природната стихија. Политичка борба. 2. Судир, ривалство, натпревар меѓу противници за постигање победа, надмоќ, првенство. Борба на пеливани. Борба со бикови. Гладијаторска борба. Тоа е борба за доминација на светскиот пазар. 3. (војн.) Вооружен судир меѓу две воени единици или војски; битка. Борба гради со гради. ◊ Борба на живот и смрт ‒ борба до последната можност. Борба за (гол) живот ‒ напор, работа за опстанок, за одржување на животот.