бори се
Значење на бори се:
1. Прави физички напор да победи, да надвие некого во борба еден со друг. Нашиот борач ќе се бори со првакот на вашата земја во борење. Тој се бореше во мојата бригада.
2. Се труди, упорно работи да постигне некоја цел (да добие или да искорени нешто). Тој се бореше за раководното место во фабриката.
3. Учествува во борба, во некаква дејност, движење. Се бори за правата на децата.
4. Се застапува за свои ставови во расправа, спор и сл. прави напор да совлада нешто во себе (желба, чувство, мисла).
Коњугација: се борат.
Изведени зборови:
- борење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се бори со голи раце ‒ се бори без оружје, голорак. Се бори на живот и смрт ‒ се бори беспоштедно. Се бори рамо до рамо со некого ‒ се бори заедно со некого, здружено.
Оригинални податоци:
бори се, се борат несв. 1. Прави физички напор да победи, да надвие некого во борба еден со друг. Нашиот борач ќе се бори со првакот на вашата земја во борење. Тој се бореше во мојата бригада. 2. Се труди, упорно работи да постигне некоја цел (да добие или да искорени нешто). Тој се бореше за раководното место во фабриката. 3. Учествува во борба, во некаква дејност, движење. Се бори за правата на децата. 4. Се застапува за свои ставови во расправа, спор и сл. прави напор да совлада нешто во себе (желба, чувство, мисла). ◊ Се бори со голи раце ‒ се бори без оружје, голорак. Се бори на живот и смрт ‒ се бори беспоштедно. Се бори рамо до рамо со некого ‒ се бори заедно со некого, здружено. ‖ глаг. им. борење ср.