борина

Именка, женски род

Значење на борина:

Смолесто дрво од бор што служи за осветлување или за потпалување оган. Домаќинката кладе неколку страка борина на светалникот. Старата го запали огнот со борина.

Множина: борини.

Изведени зборови:

  • боринка, и. ж. мн. боринки ; боринче, мн. боринчиња ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Си го бара со боринче ќе си го најде со огинче ‒ прави нешто неразумно или ризично создавајќи си непријатности и сл.

Оригинални податоци:

борина, мн. борини ж. Смолесто дрво од бор што служи за осветлување или за потпалување оган. Домаќинката кладе неколку страка борина на светалникот. Старата го запали огнот со борина. ‖ боринка, мн. боринки ж.; боринче, мн. боринчиња ср. дем. ◊ Си го бара со боринче ќе си го најде со огинче ‒ прави нешто неразумно или ризично создавајќи си непријатности и сл.