бостан

Именка, машки род

Значење на бостан:

1. Нива, место насадено со бостан. Застанал како плашило сред бостан.

2. Општ назив за дињи и лубеници.

Множина: бостани.

Изведени зборови:

  • бостанец, и. м. (само едн.) дем.
  • бостански, прид. бостанскиот Што се однесува на бостан. Бостанско плашило.

Фразеолошки израз / поговорка:

Го обрал бостанот (зелен) ‒ западна во голема неволја.

Оригинални податоци:

бостан, мн. бостани м. 1. Нива, место насадено со бостан. Застанал како плашило сред бостан. 2. Општ назив за дињи и лубеници. ◊ Го обрал бостанот (зелен) ‒ западна во голема неволја. ‖ бостанец (само едн.) м. дем. ‖ бостански, бостанскиот прид. Што се однесува на бостан. Бостанско плашило.