бовча
Значење на бовча:
1. Врзоп со предмети, обично алишта, шамија, чаршаф, скутник и сл. Донка со бовчите пред неа се намести до пајтонџијата.
2. Свадбен дар на невестата на роднините на мажот и на закониците; бовчалак. Невестата донесе триесет бовчи.
3. (дијал.) Скутник, прегач. Кога влезе тој, таа ја сопаша бовчата и му пријде.
Множина: бовчи.
Изведени зборови:
- бовче, и. ж. мн. бовчиња ср.; бовчиче, мн. бовчичиња ср.; бовчичка, мн. бовчички ; бовчуле, мн. бовчулиња ср. дем.
Оригинални податоци:
бовча, мн. бовчи ж. 1. Врзоп со предмети, обично алишта, шамија, чаршаф, скутник и сл. Донка со бовчите пред неа се намести до пајтонџијата. 2. Свадбен дар на невестата на роднините на мажот и на закониците; бовчалак. Невестата донесе триесет бовчи. 3. (дијал.) Скутник, прегач. Кога влезе тој, таа ја сопаша бовчата и му пријде. ‖ бовче, мн. бовчиња ср.; бовчиче, мн. бовчичиња ср.; бовчичка, мн. бовчички ж.; бовчуле, мн. бовчулиња ср. дем.