божји

Придавка

Значење на божји:

(од бог)

Членувана форма: божјиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Од божја уста во божји уши ‒ да се исполни кажаното. Мајка божја ‒ Богородица. Син божји ‒ Исус Христос. Божја бубалка ‒ мирен човек. Рај божји ‒ за нешто премногу убаво. Човече божји ‒ обраќање кон човек со големо чудење или изненадување.

Оригинални податоци:

божји (од бог), божјиот прид. 1. Што му припаѓа, што се однесува на Бога. Десет божји заповеди. Службата божја во црквичето заврши брзо. Исконска божја сила ја разбеснува водената маса. 2. Одан на бога, праведен. Синови божји. Божји слуга. Тука лежи божјиот човек. 3. За потсилување на значењето на именката со која стои; вистински, прав. Страотии божји. Луѓе божји. Брате божји. Јас ти велам, човеку божји, престани да свириш! ◊ Од божја уста во божји уши ‒ да се исполни кажаното. Мајка божја ‒ Богородица. Син божји ‒ Исус Христос. Божја бубалка ‒ мирен човек. Рај божји ‒ за нешто премногу убаво. Човече божји ‒ обраќање кон човек со големо чудење или изненадување.