брада

Именка, женски род

Значење на брада:

1. Дел од лицето под устата. Се покри до брадата. Неколку пати со дланката си ги истри очите, брадата и носот.

2. Влакна што растат на образите и на брадата кај мажите. Тој беше висок старец со бела брада и бела коса.

3. Жилички на корен на растение или самиот корен, ако е од ситни жилички. Брадата на празот се отстранува пред употребата.

Множина: бради.

Изведени зборови:

  • брадиче, и. ж. мн. брадичиња ср.; брадичка, мн. брадички ; брадуле, мн. брадулиња ср.; брадулче, мн. брадулчиња ср. дем.
  • брадиште, и. ср. аугм.

Оригинални податоци:

брада, мн. бради ж. 1. Дел од лицето под устата. Се покри до брадата. Неколку пати со дланката си ги истри очите, брадата и носот. 2. Влакна што растат на образите и на брадата кај мажите. Тој беше висок старец со бела брада и бела коса. 3. Жилички на корен на растение или самиот корен, ако е од ситни жилички. Брадата на празот се отстранува пред употребата. ‖ брадиче, мн. брадичиња ср.; брадичка, мн. брадички ж.; брадуле, мн. брадулиња ср.; брадулче, мн. брадулчиња ср. дем. ‖ брадиште, мн. брадишта ср. аугм.