бран
Значење на бран:
1. Издигнат дел водена маса што се движи. Големи бранови ги заплиснуваа бреговите на јужните мориња.
2. (прен.) Секое движење или појава што надоаѓа едноподруго, што личи на бран. Бранови зрело жито. Бран од луѓе се движи по улицата. Спонтана смеа во бранови ја заплиснува улицата. Студот навлегува на бранови во одајата. Нов литерарен бран. Жесток бран од гнев.
3. (физ.) Придвижување на маса во некаква средина или физичко поле во одредени интервали. Радиобранови. Електромагнетни бранови. Ударен бран.
Множина: брана, бранови.
Изведени зборови:
- бранче, и. ср. дем. кон зн. 1.
Оригинални податоци:
бран, мн. бранови, избр. мн. брана м. 1. Издигнат дел водена маса што се движи. Големи бранови ги заплиснуваа бреговите на јужните мориња. 2. (прен.) Секое движење или појава што надоаѓа едноподруго, што личи на бран. Бранови зрело жито. Бран од луѓе се движи по улицата. Спонтана смеа во бранови ја заплиснува улицата. Студот навлегува на бранови во одајата. Нов литерарен бран. Жесток бран од гнев. 3. (физ.) Придвижување на маса во некаква средина или физичко поле во одредени интервали. Радиобранови. Електромагнетни бранови. Ударен бран. ‖ бранче, мн. бранчиња ср. дем. кон зн. 1.