брани
Значење на брани:
1. а) Чува, штити некого од напад. Комитите го бранеа народот од турскиот аскер. Квачката ги бранеше своите пилиња од јастребот. б) Застапува некого на суд, е негов бранител.
2. Не дозволува, спречува, забранува нешто (со кратка заменска форма: ми, ти, му...). Ми брани да влезам. Брани ги кокошките да не влезат во градината. Нека дојдат, јас не им бранам.
3. (прен.) Штити, потврдува став, идеја, научен труд и сл. Авторот на книгата ги бранеше своите ставови и идеи. Тој докторската дисертација ја бранел во Москва.
4. (спорт.) Е во одбраната, на голот како голман. На вчерашниот натпревар бранеше новиот голман.
Коњугација: бранат.
Изведени зборови:
- бранење, глаг. им. ср.
- се ~ брани, Се штити од напад, дава отпор. Добрило се бранеше од ударите на противникот. Кучето се бранеше од мувите.
Оригинални податоци:
брани, бранат несв. 1. а) Чува, штити некого од напад. Комитите го бранеа народот од турскиот аскер. Квачката ги бранеше своите пилиња од јастребот. б) Застапува некого на суд, е негов бранител. 2. Не дозволува, спречува, забранува нешто (со кратка заменска форма: ми, ти, му...). Ми брани да влезам. Брани ги кокошките да не влезат во градината. Нека дојдат, јас не им бранам. 3. (прен.) Штити, потврдува став, идеја, научен труд и сл. Авторот на книгата ги бранеше своите ставови и идеи. Тој докторската дисертација ја бранел во Москва. 4. (спорт.) Е во одбраната, на голот како голман. На вчерашниот натпревар бранеше новиот голман. ● се ~ Се штити од напад, дава отпор. Добрило се бранеше од ударите на противникот. Кучето се бранеше од мувите. ‖ глаг. им. бранење ср.