бранува

Глагол, несвршен

Значење на бранува:

1. Предизвикува бранови на голема водна површина. Југот го брануваше езерото.

2. За жита и слични растенија ‒ движи како во бранови. Ветерот ги брануваше зрелите жита.

Коњугација: брануваат.

Изведени зборови:

  • бранување, глаг. им. ср.
  • се ~ бранува, 1. Се движи во бранови. Кога дува југот, езерото се бранува. 2. Се движи како во бранови. По долинките се бранува јачмен и 'рж.

Оригинални податоци:

бранува, брануваат несв. 1. Предизвикува бранови на голема водна површина. Југот го брануваше езерото. 2. За жита и слични растенија ‒ движи како во бранови. Ветерот ги брануваше зрелите жита.● се ~ 1. Се движи во бранови. Кога дува југот, езерото се бранува. 2. Се движи како во бранови. По долинките се бранува јачмен и 'рж. ‖ глаг. им. бранување ср.‖