брашно
Само во еднина.
Значење на брашно:
1. Производ добиен со мелење на житни култури. Пченично брашно. Пченкарно брашно. 'Ржано брашно.
2. Производ во вид на брашно добиен со мелење на суровини од растително, животинско и минерално потекло. Кокосово брашно. Рибино брашно. Коскено брашно.
Фразеолошки израз / поговорка:
Си легна на брашното ‒ се помири со дадена ситуација. За чисто брашно ‒ така, без причина, за ништо. Се смее како луд на брашно ‒ без причина. Не меле брашно со некого ‒ не се согласува со некого. За бабино брашно ‒ за ништо.
Оригинални податоци:
брашно (само едн.) ср. 1. Производ добиен со мелење на житни култури. Пченично брашно. Пченкарно брашно. 'Ржано брашно. 2. Производ во вид на брашно добиен со мелење на суровини од растително, животинско и минерално потекло. Кокосово брашно. Рибино брашно. Коскено брашно. ◊ Си легна на брашното ‒ се помири со дадена ситуација. За чисто брашно ‒ така, без причина, за ништо. Се смее како луд на брашно ‒ без причина. Не меле брашно со некого ‒ не се согласува со некого. За бабино брашно ‒ за ништо.