брат

Именка, машки род

Значење на брат:

1. Син во однос на друго или на другите деца од исти родители. Имав јас двајца браќа и една сестра. Постариот брат беше висок и убав човек.

2. Другар, пријател, човек близок по нешто, обично во обраќање. Толе, брате, тебе господ те испрати денес да му помогнеш на својот народ. Селани, браќа мои, кој сака да го купи телото господово за оваа година.

3. (разг.) При фамилијарно обраќање кон непознат човек. Добро, брате, така нека биде. Ајде, брат, што чекаш, мрдни.

4. Калуѓер во однос на другите калуѓери.

Множина: браќа, брата.

Изведени зборови:

  • братец, и. ср. (само едн.) ; братенце (само едн.) хип.
  • братче, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Брат брата не рани, тешко кој го нема ‒ во тешка ситуација важно е да се има некој близок до себе. Како брат на брат ‒ искрено. Не си му ни брат ни сват ‒ не му е воопшто близок. Брат за брат, сирење за пари ‒ независно од роднинските врски, сметките треба да бидат чисти. Весели (мокри) браќа ‒ пијаници, пијано друштво. Топол брат ‒ хомосексуалец. Покрај толку мажишта и швалери да налетам на топол брат.

Оригинални податоци:

брат, мн. браќа, избр. мн. брата м. 1. Син во однос на друго или на другите деца од исти родители. Имав јас двајца браќа и една сестра. Постариот брат беше висок и убав човек. 2. Другар, пријател, човек близок по нешто, обично во обраќање. Толе, брате, тебе господ те испрати денес да му помогнеш на својот народ. Селани, браќа мои, кој сака да го купи телото господово за оваа година. 3. (разг.) При фамилијарно обраќање кон непознат човек. Добро, брате, така нека биде. Ајде, брат, што чекаш, мрдни. 4. Калуѓер во однос на другите калуѓери. ◊ Брат брата не рани, тешко кој го нема ‒ во тешка ситуација важно е да се има некој близок до себе. Како брат на брат ‒ искрено. Не си му ни брат ни сват ‒ не му е воопшто близок. Брат за брат, сирење за пари ‒ независно од роднинските врски, сметките треба да бидат чисти. Весели (мокри) браќа ‒ пијаници, пијано друштво. Топол брат ‒ хомосексуалец. Покрај толку мажишта и швалери да налетам на топол брат. ‖ братец (само едн.) ср.; братенце (само едн.) ср. хип. ‖ братче, мн. братчиња ср. дем. и хип.